Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОМ: Сите договори за концесија за рудници може да се раскинат

ДОМ: Сите договори за концесија за рудници може да се раскинат

ДОМ денеска преку соопштение ги охрабрува граѓаните да ја продолжат борбата со референдуми во Валандово, Босилово, Ново Село и во сите други општини каде што се започнати или планирани рудници, опасни за нивното здравје и животната средина.

Според партијата, волјата на граѓаните мора да биде испочитувана, заедно со нивното право на здрав живот на што не обврзуваат Уставот, законите, но и Архуската конвенција - обврзувачки меѓународен документ, чиј потписник е и Република Македонија, за правото на граѓаните да бидат информирани и да одлучуваат за се што е поврзано со животната средина. 

- Штетните концесии за рудниците може да се раскинат, врз основа на неисполнување делови од договорот од страна на концесионерите. Основи за раскинување има и во редица други документи, поднесени до различни министерства, а кои содржат неточни или нецелосни податоци. Во кој било од овие случаи, таквите „странски концесионери“ треба уште и оштета да и платат на нашата држава, наведуваат од ДОМ.

Партијата, воедно, најавува отворање серија стручни дебати за загадувањето од рудниците како специфична и стручна тема за која ќе побараат помош и од нивните сестрински партии од Европските Зелени. 


Слично

Поврзани вести