Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОМ ПРЕДЛАГА ЗА ПОДМЕТНУВАЊЕ ПОЖАР ДА СЕ ОДГОВАРА КАКО ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО - бараат измени на законот

ДОМ ПРЕДЛАГА ЗА ПОДМЕТНУВАЊЕ ПОЖАР ДА СЕ ОДГОВАРА КАКО ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО - бараат измени на законот

Претставниците на поличтиката партија ДОМ бараат иземни на законите со што подметнвуањето пожар ќе биде утврдено како кривично дело што ќе се третира исто како обид за убиство. 

Тие со остра реакција се огласија денеска по избувнувањето на страшниот пожар во Трубарево. 

- Зелената партија ДОМ остро реагира на денешниот пожар во скопското село Трубарево, кој е уште еден доказ дека државата дозволува екоцид врз своите граѓани и граѓанки. Очигледно дека не станува збор за изолиран настан – претходно гореа депониите Вардариште и Дрисла. Секој ваков пожар е директна закана по животот и здравјето на луѓето, а институциите остануваат неми и без одговорност.

ДОМ како дел од „Коалицијата за зелена иднина“ порачува дека дојде моментот да се престане со полупразни изјави и симболични реакции на институциите. Кога чадот ги труе белите дробови на децата, кога цели населби се задушуваат, тоа не е „општа опасност“ – тоа е обид за убиство - пишува во нивното соопштение. 

Потоа додаваат дека ги повикуваат сите пратеници во Собранието – од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ВЛЕН и сите други политички партии – веднаш да се обединат и да подготват итни измени на Кривичниот законик со кои подметнувањето пожар ќе биде јасно утврдено како кривично дело што ќе се третира како обид за убиство.

Слично

Поврзани вести