Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОМ ги повика Гевгеличани да и се спротистават на златната треска

ДОМ ги повика Гевгеличани да и се спротистават на златната треска

ДОМ ги повикува граѓаните на Гевгелија, при изјаснувањето на референдумот на 23 април да ја отфрлат идејата за отворање два рудника за злато на Кожуф. 

„Граѓаните не треба да дозволат да бидат измамени од сјајот на златната треска што се најавува за нивниот регион. Само тие можат да го спречат уништувањето на животната средина и здравјето на жителите од гевгелиско и поширокиот регион, што  ги демне од овие проекти.

Некоректно е да се распишува референдум на ваква значајна тема без претходно чесно и целосно информирање на граѓаните за суштината на работата на рудниците. Секој што ќе се изјаснува на референдумот треба да знае дека рудници за злато веќе не се отвораат во Европа поради примената на цијанидни раствори за лужење на рудата што се применува во нив. Цијанидните раствори се смртоносен отров кој преку водите го уништува целиот жив свет во околината на излевање. Ваква еколошка катастрофа со помор на живиот свет во рекета Дунав се случи во 2000 година во Баја Маре во Романија и оттогаш е сменета и европската законска регулатива за рудници за злато. Од тие причини Романија, Бугарија и Грција ги одбија сите обиди за отворање на рудници за злато во изминатите години“, се вели во соопштението од ДОМ.

Партијата информира дека истата канадска фирма Еуромакс е одбиена во сите земји на Балканот, а е прифатена во Македонија, во рудникот Иловица, Струмичко и сега се нуди како концесионер со истата валкана технологија со смртоносните цијаниди во Гевгелиско. „Гевгеличани имаат реална шанса да си го спасат животот и здравјето, а со тоа да им помогнат и на сите други граѓани на земјава, за да се спречи отворање на дури десетина планирани рудници“, соопштува ДОМ и додава дека по неуспехот на нивниот референдум ќе бара преиспитување на одлуката за рудникот Иловица и одговорност за сите замешани лица во овој, повеќе од очигледен, корупциски скандал. 

Слично

Поврзани вести