ДОЛЖНИЧКА КРИЗА: Kои клиники должат најмногу?
Сериозна должничка криза има во здравствениот сектор.
Алармантни 5 милијарди денари е долгот на јавните здравствени установи. Не плаќале редовно сметки кон добавувачи за лекови, а од друга страна, медицински и економски директори си ги зголемувале платите со додадени дежурства. Овие податоци ги објави менаџментот на Фондот за здравствено осигурување. Најголеми должници се Онкологија, Торакална и Гинекологија. Болниците и клиниките успеале од почетокот на годината до јуни, долгот од 65 милиони да го зголемат на 81 милиони евра. Сашо Клековски, в.д. на Фонд за здравствено осигурување најави брз план за санација.
Слично
