Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОЛГОВИ КОН СТРАНСТВО: За четири години, пораст од 1 милијарда евра!

ДОЛГОВИ КОН СТРАНСТВО: За четири години, пораст од 1 милијарда евра!

На крајот од 2013 та година Бруто надворешниот долг на Македонија изнесувал 5 милијарди и 210 милиони евра. Според најновите податоци на Народната Банка, повеќе од две третини од долгот се долгорочни заеми додека околу една третина се долгорочни заеми кон странство. Анализрано по сектори, најолем дел од долгот отпаѓа на државата и на приватниот сектор.

Еве кој и колку должи кон странство

Држава                    1 милијарда 608 милиони евра

Останати сектори  1 милијарда 708 милиони евра

Монетарна власт             73 милиони евра

Банкарски сектор            609 милиони евра

Според последното салдо на Бруто Надворешниот Долг, значајно намалување е регистрирано кај долговите на монетарната власт, кои за една година се пониски за 161 милион евра.

Податоците на НБРМ покажуваат дека најголем дел од државните долгови се долгорочни обврски на кои отпаѓаат 1 милијарда и 600 милиони евра. И кај банкарскиот сектор доминираат долгорочните заеми со близу 500 милиони евра.

Во споредба со салдото од крајот на 2012 та година, Бруто надворешниот долг е зголемен за  40 милиони евра. Од 2010 та година, или за четири години, надоворешната задолженост е зголемена за нешто повеќе од 1 милијарда евра.

Слично

Поврзани вести