Економија, финансии, бизнис

Контакт

Долгот на Владата поголем од буџетот на државата

Долгот на Владата поголем од буџетот на државата
Вкупниот долг на централната влада заклучно со вториот квартал достигна 34.1% од бруто-домашниот производ. Според најновите податоци од министерството за финансии, во јуни долгот на Владата изнесува 2 милијарди 717 милиони евра, што е повеќе отколку целиот буџет на државата за оваа година што изнесува 2 милијарди и 690 милиони евра. Во однос на првиот квартал долгот е зголемен за 13.6 милиони евра. Зголемувањето се должи главно на растот на внатрешнната задолженоста на Владата по основ на издадени државни хартии од вредност. Преку продажба на записи и обврзници заклучно со јуни Владата должи 944 милиони евра, за разлика од 905 милиони евра на крајот на првиот квартал. Изминативе месеци сите меѓународни финансиски институции ја предупредија Владата дека јавниот долг може да излезе од контрола доколку продолжи со ова темпо на задолжување. Токму затоа, сугерираа дека е неопходно да се донесе среднорочна фискална стратегија за управување со јавниот долг.
Слично

Поврзани вести