Долго се држеше, но сега Пехчево има два активни случаи на коронавирус
Иако долго време немаше активни случаи на коронавирус, денес според извештајот на Министерството за здравство, во Пехчево сега има два активни случаи на коронавирусот.
Досега во оваа мало македонско гратче имало 8 диганостицирани со Ковид -19.
Валандово и Крушево исто така имаат два активни случаи, а Кратово три.
Другите поголеми градови имаат повисока бројка на активни случаи.
За 24 часа во Македонија има 160 нови заразени, 3 починати и 368 оздравени.
Слично
