ДОЛГИ КОЛОНИ ПО МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИША: Граѓаните заглавени во своите автомобили, прекини на повеќе локации (Видео)
Уште едно видео од заглавените граѓани низ македонските патишта.
Овој пат граѓаните споделија долга колона и слаб проток на возила на патот од Кичево кон Стража.
На видеото може да се забележи голем застој по патот.
Претходно на потегот кон Стража имаше целосен прекин на сообраќајот поради превртен камион, но по неколку часа, патот повторно беше ослободен.
Како што информира ЦУК прекини или потешкотии има на повеќе патни правци.
На патот Маврово Дебар има застој, чистењето снег е отежанто оти има паднати дрвја.
Поради превртен камино целосно е блокиран патот Велес - Скопје, во близина на село Катланово. Автомобилите се пренасочуваат Велес - Свети Николе - Скопје.
Дополнително од вечерва има најава за затворање на автопатот Свети Николе Миладиновце, и тоа во двата правци, но се уште нема информации зошто се затвара.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
