ДОЛГИ КОЛОНИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ: нема крај на редиците за влез и излез од Македонија
Не стивнуваат гужвите на граничните премини, особено на Табановце и Богородица.
Летните одмори направија голем притисок врз границите, особено на северната и јужната, бидејќи многу граѓани од соседна Србија се упатуваат кон Грција на одмор.
Како што информираат од АМСМ, на граничниот премин Табановце утринава за влез во земјава се чека околу еден час, а на граничниот премин Богородица времето на чекање за излез од земјава е од 30 до 40 минути, информира Авто Мото сојузот на Македонија.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Фреквенцијата на возила надвор од градските средини е зголемена.
Фото: Фактор
Слично
