Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дол бара да престанат заканите во ВМРО-ДПМНЕ

Дол бара да престанат заканите во ВМРО-ДПМНЕ

Сите закани во ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш да престанат, вели претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Жозеф Дол, кој по Конгресот во Хелсинки, имал средба со поранешниот заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојески, поранешниот министер за здравство Никола Тодоров и поранешната членка на ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката Емилија Александрова.

Дол на својот Фејсбук профил објави фотографија и напиша дека ги поканил за да разговараат за загрижувачката ситуација во партијата која е членка на ЕПП по, како што вели, санкциите преземени против оние кои кои гласале за пристапување кон уставни измени што се неопходни за спроведување на Преспанскиот договор за промена на името. 

Во објавата на Фејсбук, тој пишува и дека е свесен за начинот на кој е постигнат догоорот, но и дека верува оти Договорот претставува значаен чекор кон остварување на евроатлантските аспирации на македонските граѓани. 

„Што е уште поважно, а јас секогаш бев многу јасен во врска со фактот дека ЕПП ги охрабрува своите членки кога се во опозиција да играат конструктивна улога во парламентот, со цел да ги одбранат нашите вредности и да ја држат владата одговорна за своите политики”, пишува Дол. 

Тој уште порачува дека „сите членки на ЕПП мора целосно да спроведат внатрепартиска демократија, да ја почитуваат слободата и правото на сопствено мислење и да ги бранат вредностите и принципите на ЕПП, вклучувајќи и силна проевропска посветеност”. 

Слично

Поврзани вести