Сѐ уште нема информации дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на собраниската седница на која ќе се гласа за оваа одлука. На иницијативата за распишување на референдум потпишани се повеќе од 70 пратеници, меѓу кои дел се и од коалицијата на опозицијата.
На утринската координација со пратеничките групи кај Талат Џафери, претседателот на Собранието не присуствуваше шефот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Ако консензусот околу донесувањето на одлуката во Собранието не биде постигнат, постои можност опозицијата да го блокира објавувањето на референдумот кога собранискиот спикер ќе отвори дискусија по точката.
