Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОКТОРИТЕ НЕ МОЖЕЛЕ ДА НАПРАВАТ НИШТО: Почина жена откако ја удрил „мерцедес“

ДОКТОРИТЕ НЕ МОЖЕЛЕ ДА НАПРАВАТ НИШТО: Почина жена откако ја удрил „мерцедес“

Несреќната М.Н. почина по удар од автомобил во текот на вчерашниот ден. Како што пишува Министерството за внатрешни работи, М.Н. која имала 78 години движејќи се по улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје била удредна од „мерцедес“ управуван од дваесетипет годишен жител на Глумово. 

Од силината на ударот М.Н. починала, иако била пренесена на клиниките, за жал докторите можеле само да констатираат смрт. 

- Во СВР Скопје вчера во 12:07 часот било пријавено дека на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(25) од село Глумово, скопско, удрило во М.Н.(78) од Скопје. По несреќата М.Н. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар била констатирана смрт. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје - се наведува во извештајот на МВР. 

Слично

Поврзани вести