Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доктор Нетковски демантира: Не сум осуден за мито

Доктор Нетковски демантира: Не сум осуден за мито

Новоназначениот директор на Клиниката за уво, нос и грло, проф. доктор Јане Нетковски испрати барање за демант и извинување до редакцијата на Фактор кое во продолжение го објавуваме.

- На ден 05.08 на Вашиот интернет портал е објавена соджина од Ваша страна под наслов: ОД ПРИТВОР ЗА МИТО ДО ДИРЕКТОР НА КЛИНИКА ЗА УВО, НОС И ГРЛО за која сакам да истакнам дека станува збор за целосна невистина и клевета изнесена во текстот со која се нарушува мојот углед како лекар и како личност, затоа што не постои правосилна судска пресуда со која сум осуден за било какво кривично дело, пишува Нетковски во неговиот демант.

“Според прибавените материјални и вербални докази во текот на истрагата не се утврди дека во дејствијата на Нетковски се содржани битни елементи на кривично дело-примање поткуп ниту било кое друго кривично дело за кое се гони по службена должност“, пишува во решението на Јавното обвинителство, кога беше запрена истражната постапка против Јане Нетковски.

Фактор му се извинува на доктор Нетковски, но за да биде појасно во нашиот текст немаше никакви тврдења дека тој бил осуден за истото дело, туку само за поведената постапка во декември 2013 година. 


Слично

Поврзани вести