Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОКТОР ЛАЗАРОВ ЗА ИНТЕРНЕТ ОПСЕДНАТОСТА: Дигитален хероин, ќе ве претвори во роб и ќе ви поминат денови од животот залудно

ДОКТОР ЛАЗАРОВ ЗА ИНТЕРНЕТ ОПСЕДНАТОСТА: Дигитален хероин, ќе ве претвори во роб и ќе ви поминат денови од животот залудно

Доктор Ненад Лазаров, кој важи за активен критичар на случувањата во земјава, но и активно е вклучен во општествениот живот во земајва, во еден од неговите постови на Фејсбук посебен акцент става на се поголемата заразеност на граѓаните со социјалните медиуми. 

- "Doomscrolling" претставува опсесивно постојано проверување на нови содржини на социјални медиуми и вести на интернет, најспецифично го објаснува феноменот на гледање видеа едно по друго со часови, без оглед на медиумот.

По сите карактеристики е слично на било која друга зависност и еден од големите предизвици и причини за деградација на психичкото здравје.

Алгоритмот е дигитален хероин, ќе ве претвори во роб и ќе ви поминат денови од животот залудно.

Толку многу има да се прочита на интернет, зошто друг да ви раскажува на видео, толку многу музика да се чуе... - напиша Лазаров. 


Слично

Поврзани вести