Доктор Лазаров ги предупредува граѓаните да не се коцкаат со здравјето, туку да се вакцинираат
Доктор Ненад Лазаров во објава на Фејсбук предупредува дека оние кои не се вакцинирале се коцкаат.
Тој советува граѓаните да се вакцинираат, затоа што во тој случај и да се заразат со ковид - 19 ќе поминат многу полесно.
„Со цело свое достоинство и интегритет ве уверувам дека неспоредливо полесно поминуваат вакцинирани пациенти,тоа го гледаме на дневна база! Вакцинирајте се веднаш, сите непрележани и невакцинирани, се коцкате скапо! Апсурдно е стравот од вакцини да го надвладее стравот од ковид, не дозволувајте лошиот менаџмент на целата криза и катастрофален PR да ве стави во неповолна позиција каде животот ви е директно загрозен, во светот се моли за вакцини на многу места“, пишува Лазаров.
Статистиките покажуваат дека најголем дел од оние кои починале не биле вакцинирани.
Според податоците на Министерството за здравство во изминатите два месеци 77 насто од новите ковид случаи биле невакцинирани. Невакцинирани биле и 79 насто од хоспитализираните.
