Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето
Луѓето кои најголем дел од денот седат имаат за 112% поголем ризик за dijabetes tip 2, a за 147% поголем ризик за инфаркт. Просечно денес седиме 8–10 часа дневно. Често се случува 3-4 часа да не се помрднеме, пишува доктор Нино Беќаровски во својот текст насловен „Седењето е поопасно и од пушењето“.
„Што се случува тогаш:
– по 30 минути ни се намалува циркулацијата во нозете
– мускулите ја губат осетливоста кон инсулинот.
– гликозата поспоро влегува во клетките
– lipaza (eнизимот за разложување на мастите) опаѓа дo 90%
– trigliceridi-те растат
– се проценува дека долготрајното седење го скратува животниот век исто колку и 15 цигари дневно.
Веќе после 30 минути седење:
– крвта се успорува
– endotel-от (внатрешниот слој на крвните садови) почнува да ја губи функцијата
– мозокот добива помалку кислород и го губи фокусот
– телото преминува во режим на чување на енергијата и го успорува метаболизмот
Што треба да направиш?
– раздвижи се 2-5 минути секои 30 минути
– nо секое јадење прошетај 2–5 минути (го намалува шеќерот и инсулинот за 20–30%)
– додека зборуваш на мобилен движи се
– искористи ги рекламите на ТВ за да се раздвижиш
– паркирај ја колата барем 200 метри подалеку од твојата дестинација
- секоја пауза меѓу часовите, учениците да се тераат да се раздвижат“, вели Беќаровски.
Според него, улога игра и процесираната храна која ја внесуваме.
„Ултра процесираната храна го зголемува ризикот од метаболен синдром за 82% кај неактивните и за 30% кај активните. Ризикот од срцеви болести е 70% кај неактивните, а 12% кај активните кои конзумираат ваква храна, а ризикот од гојазност е помал за 42% кај активните!!! Џабе ќе поминете 1 час во теретана ако 9 часа пред или потоа ги отседите!!!! Направете 10.000 чекори дневно за да не Ви биде здравјето бедно“, додава Беќаровски.
