Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доколку пропаднат, за кратко време нови претседателски избори

Доколку пропаднат, за кратко време нови претседателски избори

Оливер Дерковски, претседателот на Државната изборна комисија, изјави дека нови претседателски избори ќе се одржат за 40 дена доколку го нема потребниот цензус од 40 отсто излезеност во првиот круг на 27 април.

Доколку ја нема потребната излезеност,според првиот човек на ДИК, изборите ќе пропаднат.

– Во таква ситуација се распишуваат нови избори кои ќе треба да се одржат за 40 дена, вели Деркоски во разговор за Прес 24.

За гласачкото ливче, вели тоа ќе биде како и за сите претходни избори, односно нема на истото да пишува дека се тоа претседателски избори на „Република Македонија“ или на „Република Северна Македонија“

– Гласачкото ливче нити претходно нити пак сега ќе има наслов, на него секогаш стојат кандидат под реден број и знамето на државата, истакна тој.


Слично

Поврзани вести