Доколку патувате внимавајте: Еве каква е состојбата на патиштата
Авто мото сојузот на Македонија ги информира возачите дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор
од градските средини е зголемен. Додека, на граничните премини, од македонска
страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење,
почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно
управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните
долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се
однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга,
Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Слично
