Доколку не се попишете на пописот ви следи парична казна
Доколку не се попишете на претстојниот попис, ви следи парична казна.
Оние кои ќе одбијат да се попишат ќе се казнуваат прекршочно со парични казни до 300 евра, информираше денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.
„Во однос на безбедноста уште еднаш ќе повториме дека стандардите за заштита се највисоки и во целост ги штитат граѓаните и попишувачите и тука не треба да постои никаква дилема, граѓаните ќе бидат заштитени. Пописот се спроведува и ќе се спроведе целосно безбедно по сите стандарди“, рече Арсовски.
За поттикнување бојкот ќе има кривично гонење. Во меѓувреме, дијаспората се самопопишува.
Слично
