Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доколку не се почитуваат меѓународните регулативи за триесетина години Македонија ќе стане пустина

Доколку не се почитуваат меѓународните регулативи за триесетина години Македонија ќе стане пустина

Ако не се почитуваат меѓународните регулативи до 2050 Македонија ќе стане пустина, велат од Еко-свест. 

Невладината организација го поздравува афирмирањето на зеленото сценарио од стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, но е загрижена од изјавите на владините претставници кои беа контрадикторни со целите на зеленото сценарио.

Доколку долгорочната визија ни е енергетска транзиција и премин кон обновливи извори на енергија како и 51 отсто намалување на емисиите на стакленички гасови, зошто слушаме изјави за продолжување на рокот на траење на РЕК Битола и гасификација на државата, реагираат од центарот за истражување Еко-свест.

„Продолжувањето на рокот на траење на РЕК Битола и гасификацијата само ќе ни ги заробат инвестициите во фосилни горива за чие согорување по 2030 ќе трпиме сериозни финансиски загуби, а истите ќе продолжат да причинуваат штети по здравјето на луѓето и климата дополнително осиромашувајќи нè. Потпишувањето на договорот за грант со KfW потврдува дека имаме и други опции, меѓу кои соларна топлана, кои во иднина ќе ги истиснат фосилните горива“, додаваат од Еко-Свест. 

Велат дека граѓаните трпат штети од лоши и некоординирани политики. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести