Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доколку има повреда на избирачкото право, пријавете

Доколку има повреда на избирачкото право, пријавете

Бесплатна телефонска линија и седум канцеларии на народниот правобранител се во функција денеска за пријавување на повреди на избирачките права. 

Во Канцеларијата на народниoт правобранител во периодот од 7:00 до 21:00 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321. 

Граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. 

Ќе бидат отворени сите седум канцеларии на народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип за да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. 

Гласачите ќе можат да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329- 996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488.

Денеска 1.814.263 граѓани од 7 часот па до 21 може да гласаат. 

Гласачите оваа година може да избираат меѓу 15 изборни листи и 1.560 кандидати за пратеници.

Во Македонија утрово започна гласањето за избор на десеттиот парламентарен состав. 

Слично

Поврзани вести