Економија, финансии, бизнис

Контакт

Докиќ: Топлото време ја преполни Клиниката за пулмологија

Докиќ: Топлото време ја преполни Клиниката за пулмологија

Директорот Дејан Докиќ во изјава за Канал 5 вели дека Клиника за пулмологија и алергологија е преполнета од пациенти заболени од грип, а како главна причќина за тоа го наведува невообичаено топлото време за јануари.

Според Докиќ, и покрај тоа што е сезона, дополнителен проблем се релативно високите температури на почетокот од годинава.

Тој вели топлото време влијае така што дополнително го олеснува патот на вирусот до својот домаќин.

- Тоа ги зголемува рецепторите и овозможуваат полесно да навлезат вирусите што предизвикува поголем број на случаи на грип, наведе Докиќ.

Директорот дополни дека од 12 јануари поради големиот број на пациенти, воведен е втор дежурен лекар.

За поголема заштита, препорачува да се носат Н95 заштитни маски.

Слично

Поврзани вести