Економија, финансии, бизнис

Контакт

Докиќ: Eдна петтина oд заразените починале истиот ден кога се примени

Докиќ: Eдна петтина oд заразените починале истиот ден кога се примени

Постојат повеќе причини за високата смртност, изјави пулмологот Дејан Докиќ во вечерашното гостување на телевизија Канал 5. 

Тој како една од причините за високата смртност од коронавирус го наведе тоа што голем дел од пациентите во болница се примаат во многу тешка состојба.

„Од 2.000 лечени пациенти во период од шест месеци, 381 пациент почина. Од кои една петтина починале истиот ден кога се примени, што значи дека се примени во многу тешка состојба и не може да им се помогне. Тоа е една причина, не е единствена. Една од причините е и самиот имуниолошки систем, доколку има пресилен одговор. Тој е наследен, но на него влијаат и други надворешни фактори“, рече Докиќ.

Вели дека помладите одбиваат да прават ПЦР-тестови за ковид-19 во здравствениот систем, поради страв дека позитивниот тест ќе значи изолација и нема да можат да излегуваат. 

Слично

Поврзани вести