Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доказните материјали за пожарот во „Пулс“ префрлени од Кочани во Скопје

Доказните материјали за пожарот во „Пулс“ префрлени од Кочани во Скопје

Со две возила и полициска придружба, материјалите за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што животот го загубија 62 лица, а над 200 беа повредени, се префрлаат од Основниот суд во Кочани. Претседателот на Апелациониот суд во Штип, Тони Делев, за МИА информира дека префрлањето е во тек.

„Од Основниот суд во Кочани, заедно со сите документи и докази што се приложени, ќе биде испратен до Основниот кривичен суд во Скопјe, согласно одлуката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, и таму ќе биде предаден на службите за понатамошна постапка, вели Делев.

Во изјава за МИА, тој нагласува дека станува збор за голема количина материјал, а доказите се наоѓаат во две возила.

„Потоа Основниот кривичен суд во Скопјe ќе одлучи, ќе се оцени делото, може да има приговори, целата постапка ќе се спроведе како што е утврдено со Законот“, рече Делев.

Инаку, во истражната постапка за случајот „Пулс“ се ангажирани сите судии во Основниот суд во Кочани, еден од Виница, тројца судии од Основниот суд во Штип и сите судии од Апелациониот суд во Штип за жалбени постапки и одлуки за притвор. Во овој случај се вклучени 34 физички лица и три правни лица.


Слично

Поврзани вести