Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доказите за последниот избеган од упадот на 27 април испратени на превод

Доказите за последниот избеган од упадот на 27 април испратени на превод

Вилма Рускоска од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција посочи дека се во фаза на преведување на потребните документи за екстрадиција на последниот обвинет во првиот процес за настаните во Собраниетом Дејан Давидовски, кој е уапсен во Шведска.

-Вчера ги дадовме доказите на превод и кога ќе биде готов преводот на доказите и се она што се бара во постапка  за екстрадиција веднаш ќе биде испратено до Министерството за правда, прецизира Рускоска.

Шведската полиција го уапси Дејан Давидовски минатата недела при распишана потерница од Интерпол за упадот во Собрание на 27 април.

Шведските медиуми објавија, а обвинителството потврди дека Давидовски е уапсен на аеродромот во Стокхолм, каде пристигнувал од Софија, на 7 април.

Давидовски е единствениот избеган обвинет за упадот во Собранието, а бил во групата маскирани лица кои упаднаа во Собранието.


Слично

Поврзани вести