Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОКАЖАНИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ НЕ ГО „ЗАБОРАВААТ“ СВОЕТО „ЈАТО“ - Шекеринска, Ивановски и Спасов гости на трибината во главниот град

ДОКАЖАНИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ НЕ ГО „ЗАБОРАВААТ“ СВОЕТО „ЈАТО“ - Шекеринска, Ивановски и Спасов гости на трибината во главниот град

Вчерашната трибина на СДСМ која се одржа во главниот град на државата и која, според владејачката партија, беше масовно посетена од членови, активисти и граѓани, доведе во социјалдемократската средина и некои членови кои порано биле причично активни, а сега не се во првите ешалони во извршната и законодавната власт.

Па така, од едно стори кое го сподели премиерот Ковачевски на социјалните мрежи, може да се види дека во публиката, и тоа во првиот ред на трибината, како гости се присутни и поранешната министерка за одбрана а претходно и вицепремиерка, Радмила Шекеринска, поранешниот пратеник Игор Ивановски Шема, како и поранешниот дипломат и универзитстски професор, Ѓорѓи Спасов.

СДСМ денеска испрати соопштение во кое како што велат, искрено им благодарат на сите граѓани, членови, активисти, спимпатизери, на сите поддржувачи на прогресивните политики што носат напредок и европска иднина.

„Масовноста на големата национална трибина на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината” во Скопје и позитивната енергија говори за големата поддршка, солидарност, за бескомпромисната посветеност и преданост на нашата визија за европска, економски силна и напредна држава за сите граѓаните“, се вели во соопштението од партијата.

Опозицијата, пак, го критикуваше настанот, и според нив, станувало збор за мала посетеност на оваа трибина.

Слично

Поврзани вести