Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДОКАЗ ЗА ЛИЦЕМЕРИЕТО НА ДПМНЕ“: Левица потсетува оти новиот директор на ДЗС Салиу, ВМРО го нарекувале „алчен кариерист“

„ДОКАЗ ЗА ЛИЦЕМЕРИЕТО НА ДПМНЕ“: Левица потсетува оти новиот директор на ДЗС Салиу, ВМРО го нарекувале „алчен кариерист“

Од пратеничката група на „Левица“ обвинуваат за „лицемерие“ во однесувањето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Укажуваат дека кога ВМРО биле во опозиција на пресконференции оцрнувале кадар кој денес, како владејачка парија го поставуваат на директорска позиција. 

- Минатата недела, власта го именуваше Кашмир САЛИУ за заменик на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со што уште еднаш се разоткри дволичноста и недоследноста на ДПМНЕ во нивното политичко дејствување. Ова именување ја разоткри хипокризија на кадровската политика на владата, каде повторно се појавуваат истите истрошени кадри кои го поддржуваа режимот на Заев - пишува во објавата на „Левица“.

Како што пишува во објавата на „Левица“, која на својот Фејсбук профил ја пренесе и пратеничката од редовите на „Левица“, Јована Мојскоска, партијата на Мицкоски во 2017 година на прес-конференција од нивната советничка група во Гостивар, јавно го оцрнуваше токму Кашмир Салиу како „непожелна личност“! 
- Тогаш ДПМНЕ го обвинуваше сегашниот заменик-директор Салиу дека манипулира со јавноста и дека „сè што постигнал во животот, го има постигнато преку коалицирање“. Партијата обвинуваше дека тој и неговото семејство уживаат во „квалитетни вработувања“ токму поради нивното политичко коалицирање, нарекувајќи го Салиу „алчен кариерист“ кој манипулира со бројки и вистини за лични интереси.

Истиот човек, кој претходно беше обележан како неприфатлив и некомпетентен, сега станува клучен фактор во една од важните државни институции. Со оглед на катастрофалната состојба во која се наоѓа ДЗС и огромните штети од пожарите поради неспособноста на оваа институција, ваквото кадровско решение само ќе ги продолжи штетните политики врз грбот на општата безбедност на народот - посочуваат од „Левица“.

Притоа додаваат дека „ова е јасна порака дека Мицкоски не води политика заснована на принципи и вредности, туку на моментални интереси и партиски КАЛКУЛАЦИИ“. 
- Ваквата промена во ставовите на ДПМНЕ ја отсликува нивната вистинска природа: дека за нив не постојат трајни приоритети и принципи, туку само потреба за политички маневри и поддршка кога е во прашање теснопартискиот интерес - се додава во соопштението.

Еве ја објавата која Мојсоска ја пренесе на Фејсбук:

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести