„ДОК МУ СЕ ЅВЕРИТЕ У ФЕРАРИ И ПЕДЕРКУ ПОД МИШКУ“ - новинарот Божиновски со прашање до министерот Тошковски
Појавувањето на екс директорот на тајната полиција Сашо Мијалков со скапо Ферари пред луксузен хотел во Монако, кое стана вирално откако беше снимен и снимката беше објавена на Инстаграм, не престанува да предизвикува бројни реакции.
Новинарот Зоран Божиновски му постави прашање на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„ДОК МУ СЕ ВИ ЅВЕРИТЕ У ,,ФЕРАРИ,, И ПЕДЕРКУ ПОД МИШКУ!!!
Јас си ПОБАРАВ ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА МИЈАЛКОВ, од министерот ТОШКОВСКИ:
Дали јас не го знам законот или е применет само во случај против мене!?
Г. Тошковски, дали од судија извршител на санкции до граничните премини т.е. до гранична полиција има доставено известување дека правосилно осудениот САШО МИЈАЛКОВ се наоѓа на УСЛОВЕН ОТПУСТ до 22 април 2025 година!?
Како преминал граница на нашата земја додека е на условен отпуст? Дури и да му вратен пасошот како е возможно додека му трае условниот отпуст со краен датум 22.04.2025. Бев еден период со одземена патна исправа, па според процедурата морав од Кривичниот суд да добијам соодветен документ, па во МВР добив писмо кое не смеев да го отворам, па тоа писмо го однесов во СВР Куманово, каде го отворија и ми дадоа патна исправа!
Дали Сашо Мијалков и КАКО ја поминал оваа процедура!?
Среќни ви празници, со почит, Зоран Буревесник Божиновски, новинар“, напиша на Фејсбук новинарот Божиновски.
Засега нема реакција од министерот Панче Тошковски.
Слично
