Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дојранското, Беровското и Мавровското езеро ќе добијат нови пешачки патеки

Дојранското, Беровското и Мавровското езеро ќе добијат нови пешачки патеки
Дојранското езеро, Беровското езеро и Мавровското езеро ќе добијат пешачки патеки, најави на отворената владина седница министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Како што информираше министерот веќе се изготвени трите проекти, а со изградба треба да се почне во април 2014 година. Пешачката патека на Дојранско езеро ќе биде долга  2,6 километри и ќе се протега од Стар кон Нов Дојран. Со ова, вели Јанакиески, Дојран ќе добие вкупно 5,5 километри пешачка патека крај езерото. Сите проекти ќе се финансираат од буџет, појасни министерот.
Слично

Поврзани вести