Дојранските издавачи се преценија-за ноќевање се бараат и по 30 евра
Преполно туристи и гости од странство, а домашните издавачи на апартмани ги креваат цените за ноќевање, мислиш се наоѓаш на море во соседна Грција.
Граѓаните се жалат а надлежните и општината апелираат да се намалат плафонските цени.
Одредени издавачи на соби и апартмани според тврдења на туристите кои се пожалиле кај општината ги издаваат апартманите и за 30 евра од ноќ или 1800 денари. За викенди во Дојран речиси се бара место повеќе.
Токму ова е причината Дојранските издавачи да збеснуваат и да ги издаваат апартманите по изгор цени.
Доколку ваквата ситуација продолжи, Дојран ќе се соочи наместо да биде посетувано одморалиште, туристите да го заобиколуваат.
Апели за цени на ниво како и претходно стигнаа и од градоначалникот Стамов Борче кој често слуша коментари од типот дека некој начин имаме исти цени за сместување како и во Грција, односно одредени места во Грција кои се на море.
