Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дојран ќе се изјаснува против рудниците, Валандово неодлучно

Дојран ќе се изјаснува против рудниците, Валандово неодлучно

Југоистокот на Македонија се крева против изградбата на рудници за злато и други метали, откако први се одлучија Гевгеличани против изградба на ваков рудник на планината Кожув во непосредна близина на градот. 

Сега се крева и општина Дојран каде исто така на референдум на 18 јуни граѓаните ќе решваат дали се за отварање рудници или не во југо- источниот дел на државата. Советот на оваа општина донесе одлука за референдум за отварање на рудниците Казандол и Башибос.

Одлуката за референдумско изјаснување на дојранчани за беше едногласно изгласана откако се собраа пторебните потписи за референдум иако општинските власти иницијативата ја оценија како некомплетна.

Доцна синоќа за ова прашање повторно заседаваше Советот на Валандово, бидејки општината не одговори позитивно на барањето за референдум. Пред десетина дена Советот не изгласа референдумско изјаснување на граѓаните оставајки простор експертската фела да се изјасни дали рудникот Казандол ќе загадува или не.


Слично

Поврзани вести