Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дојран ќе оживува со подводен музеј и наколна населба

Дојран ќе оживува со подводен музеј и наколна населба

Музеј под вода ќе никне во Дојран а проектот се базира на археолошките истражувања спроведени во периодот од 2012 до 2014 година .

Тогаш археолозите добија сознанија и одредени елементи кои укажуваат на постоење на наколна населба и на ова подрачје.

Според пишувања на медиумите годинава ќе се изработува проектот за наколната населба, а веќе следната треба да започне и нејзината изградба.

Територијата каде ќе биде изградена наколната населба е Стар Дојран.

Првото наколно живеалиште  во Дојранското езеро се наоѓало на локалитетот Мрдаја, односно на најјужната точка од езерото и датира од преодниот период од бронзената и железната епоха.

Со овој проект се најавува и заживување на туризмот и привлекување на голем број туристи.

Слично

Поврзани вести