Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дојран и Македонска Каменица имаат по 14 активни случаи

Дојран и Македонска Каменица имаат по 14 активни случаи

Дојран и Македонска Каменица имаат по 14 активни случаи на коронавирусот. 

Овие две општини имаат најмал број активни. Во Кратово има 17 активни, во Пехчево 20, во Македонски Брод и Демир Капија по 31. Демир Хисар има 58 активни случаи. Пробиштип има 39, а Берово 63 активни. 

Дебар има 61, а Богданци 72 случаи, додека Валадново има 96 активни случаи на ковид.  Бројот на активни во државата падна под 19.000. 

Досега во земјата се направени вкупно 698.132 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 148.618, бројката на оздравени пациенти е 125.593, на починати е 4.556, а бројот на активни случаи е 18.469. 

Министерството за здравство денеска информираше за 47 починати. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести