Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дојран и Кратово имаат најмалку активни случаи на коронавирусот

Дојран и Кратово имаат најмалку активни случаи на коронавирусот

Дојран и Кратово се градовите кои имаат најмалку активни случаи на коронавирусот според вчерашиот извештај на Министерството за здравство. 

Дојран има 8, а Кратово 10 случаи. Македонска Каменица има 15, Македонски Брод 17, а Пехчево 20 активни случаи.  Во Демир Капија има 24 активни. Во Скопје има над 6.600 активни случаи на коронавирусот, но и во главниот град бројот на заболени опаѓа. Претходно, имаше и по 11.000 активни. 

Досега во Македонија се направени вкупно 721.446 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во државата од почетокот на епидемијата изнесува 152.367, бројката на оздравени пациенти е 132.765, на починати е 4.855, а бројот на активни случаи изнесува 14.747.

foto freepik

Слично

Поврзани вести