Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДОЈРАН“ И „ЕВЗОНИ“ ОТВОРААТ НА 14. МАЈ: Со сертификат за вакцинација или негативен ПЦР летово во Грција

„ДОЈРАН“ И „ЕВЗОНИ“ ОТВОРААТ НА 14. МАЈ: Со сертификат за вакцинација или негативен ПЦР летово во Грција

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска информираше дека е во постојана комуникација со неговиот грчки колега, а во разговор со грчкиот министер за туризам, Хари Теохарис бил известен дека на 14. мај Грција планира да ги отвори граничните премини „Дојран“ и „Евзони“ и за македонските граѓани. Граѓаните на Македонија кои планираат да патуваат во грција ќе мора задолжително да покажат сертификат дека се вакцинирани или пак да имаат негативен ПЦР тест за ковид-19.

-Имаме честа комуникација со грчкиот министер со здравство, а разговаравме и со грчкиот министер за туризам Теохарис. Во врска со мерките, ме извести дека двете граници со Македонија ги отворат на 14.мај за нашите граѓани, а тоа се премините „Дојран“ и „Евзони“. Но, ќе биде задолжително потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест. Земав обврска да видиме какви ќе бидат нашите потврди за вакцинација и листата на овластени лаборатории кои може да даваат ПЦР тест, наглси денеска Филипче.

А.Б.

Слично

Поврзани вести