Дојдоа ветените вакцини од Турција, 451 вкупно активни случаи на ковид
Денес, Македонија доби подарок од Турција 30.000 дози од вакцината „Синовак“ против ковид-19.
Ова го објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.
Подарокот беше ветен за време на посетата на премиерот на Македонија, Зоран Заев, на Турција минатата сабота, на вечера со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Денес пристигнаа 30.000 „Синовак“ вакцини како донација од пријателска Турција. Уште еднаш, би сакал да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за нивната поддршка, пред се за брза испорака, што е многу важно за нас“, напиша Филипче.
Министерот најави дека вакцините „ќе бидат дистрибуирани до пунктовите за вакцинација низ целата земја што е можно поскоро“.
Имено, од вчера на ниво на држава има активни 451 случај на ковид. Бројките паѓаат а последните тестови покажале 28 позитивни случаи.
Слично
