Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОЈДЕ РЕДОТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРАТЕНИЦИТЕ: Тоа ќе овозможи подобра работа на Собранието, тврди спикерот Џафери

ДОЈДЕ РЕДОТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРАТЕНИЦИТЕ: Тоа ќе овозможи подобра работа на Собранието, тврди спикерот Џафери

Во Спортскиот центар А1 Арена „Борис Трајковски“, од утрово почна вакцинацијата на пратениците, за која првиот човек на Собранието на Македонија, Талат Џафери вели дека тоа ќе овозможи враќање на работата на оваа институција во нормала. Очекува тоа да се случи во втората половина на мај, кога целосно ќе заврши имунизацијата на сите пратеници и на вработените во собраниските служби.

-Според општиот план за имунизација, дојде ред да се вакцинираат пратениците, а претходно веќе заврши имунизацијата на собраниските служби. Имунизацијата по првата и секако по втората доза со вакцината, ќе овозможи посоодветна работа на Собранието и се надевам во втората половина на мај дека ќе се врати нормалниот начин на работата на Собранието, секако почитувајќи ги и понатаму протоколите и мерките кои се воспоставени и според одлуките кои се преземаат од надлежните, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери.

А.Б.

Слично

Поврзани вести