Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дојде крај за музичките субвенции

Дојде крај за музичките субвенции

Музичките субвенции заминуваат во историјата.

Ова е епилогот од вчерашната седница на Владата на која е донесена одлука со која престанува да важи Законот за поддршка на домашната музичка продукција

„Владата го разгледа Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција, и донесе заклучок да го достави до Собранието на Република Македонија на натамошна постапка“, соопштија од владата.

Имено, за донесувањето на овој предлог-закон во владата преовлада фактот што имплементацијата на законот во практика не ги даде очекуваните ефекти, при што се постави прашањето за оправданоста од ваквиот начин на финансирање со буџетски средства во вкупен износ од 317 680 000 денари, односно околу 5 милиони евра


Слично

Поврзани вести