Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОЈДЕ И ДИРЕКТОРОТ НА БОЛНИЦАТА: Дете со сложена клиничка слика префрлено во болница во Италија

ДОЈДЕ И ДИРЕКТОРОТ НА БОЛНИЦАТА: Дете со сложена клиничка слика префрлено во болница во Италија

Специјален медицински тим од Институтот "Џанина Џаслини" од Џенова - Италија, денеска од Универзитетската клиника за детски болести изврши транспорт на дете со сложена клиничка слика во болницата во Италија, соопштија од клиниката

Директорката на Клиниката Аспазија Софијанова, целиот медицински тим од одделението за интензивна нега и лекување и онколошкото одделение го подготвија малиот јунак за нов животен предизвик.

Велат дека Андреа Москатели, директорот на неонатолошката болница " Џанина Џаслини" и на одделението за интензивна нега, е лекарот кој ќе го носи нашето дете во болницата во Италија. Тој вели дека се радува што може да помогне и дека е воодушевен од професионалноста на македонските лекари од Клиниката за детски болести.


- Соработката е многу важна, да учиме едни од други, на крајот е денот децата се најважни, вели лекарот Москатели.


Слично

Поврзани вести