Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дојде 3 јуни, нема уште преговарачка рамка за Македонија од ЕУ

Дојде 3 јуни, нема уште преговарачка рамка за Македонија од ЕУ

Иако дојде 3 јуни, преговарачката рамка од Европската комисија за Македонија  не беше презентирана денеска како што беше најавено, откако земјата доби датум за преговори од ЕУ.

Преговарачката рамка се смета за најважен документ во којшто земјите членки ги утврдуваат своите позиции, а потоа Европската комисија која технички преговара во име на земјите членки, треба да ги почитува тие позиции и потоа континуирано да ги информира земјите членки. 

- Преговарачката рамка прво се објавува како драфт-верзија на Европската комисија. Беше најавено дека ќе се објави на 3 јуни, но сега е поместено за 9 или 10 јуни заедно со краток извештај за напредокот на реформите. Откако ќе се објави драфтот, тогаш земјите-членки го дополнуваат со своите национални позиции и бараат консензус. Се надевам дека овој предлог ќе биде неутрален и повеќе ќе се заснова на принципите на унијата, рече денеска вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи од Штип, одговарајќи на новинарско прашање.

Драфт-преговарачката рамка се усогласува потоа со позициите на земјите членки. Македонија по одлуката на ЕУ за отпочнување на преговорите очекува преговарачката рамка да се усвои во текот на хрватското претседателство, а првата меѓувладина конференција да се одржи во текот на германското претседателство, односно до крајот на годинава и да започнат скрининзите потоа.


Слично

Поврзани вести