Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дојче банка советува да се купува злато

Дојче банка советува да се купува злато
Аналитичарите на Дојче банка во најновите анализи препорачуваат да се купува злато. Тие сметаат дека златото носи сигурност во услови на криза и финансиска нестабилност. Иако цената на златото опадна од 1900 долари за унца во 2011 година, на 1200 долари за унца, сепак од Дојче Банка наведуваат дека  уште е скапо. Златото го рангираат како најскапа стока во нејзиното 15-годишно искуство во тргување. „Во глобалниот финансиски систем воочуваме значителни промени, особено корпоративен ризик во САД, поради остриот одлив на капитал во Кина“-објаснуваат нивните аналитичари. Единствениот аргумент против купување на злато, е тоа што златото не носи камата или дивиденда. Експертите од финансиската институција „ Morgan Stanley“ процениле дека до 2017 година ќе бидат затворени над 50 рудници за злато, па така дури и пред таа година може да се појави краен дефицит на овој благороден метал на пазарот.    
Слично

Поврзани вести