Дојче Банк ќе плати 14 милијарди долари за кризата од 2008 !?
Јавниот обвинител на Њујорк води голем случај против Дојче Банк како една од ретките финансиски институции која се соочува со правни последици по економската криза од 2008.
Властите бараат 14 милијарди долари оштета за повеќе сомнителни хипотеки на пазарот на недвижнини, но адвокатите на Дојче Банк најверојатно ќе побараат спуштање на сумата се до оној степен кога двете страни би дошле во ситуација да се соочат на суд што не е многу пожелно.
Продажбата на безвредните хипотекарни хартии од вредност кои беа превисоко оценети, па дури и осигурани со контра полиси беа една од главните причини за пукање на финансискиот меур околу пазарот на недвижности во САД што предизвика огромна економска криза. Сепак, повеќето од банките и осигурителните компании не одговараа кривично, туку се спогодуваа со обвинителството.
