Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дојавите за бомби започнаа и во основните училишта, евакуација во Аеродром

Дојавите за бомби започнаа и во основните училишта, евакуација во Аеродром

Дојави за поставени бомби утрово имало и во основните училишта во Скопје.

Во тек е евакуација на три училишта во Општина Аеродром - „Горѓија Пулевски“, „Лазо Ангеловаски“ и „Александар Македонски“, се училиштата за кои засега има сознанија „Фактор“.

Досега вообичаена пракса дојави за бомби да има единствено во средните училишта.

Од вработентие во училиштата дознаваме дека кај дел од децата се создала и паника, голем дел од нив во солзи ги напуштале училиниците, особено кај деца кои се поголеми. 

- За жал настана паника меѓу децата, одвај успеавме да излеземе од училниците. Сега се посмирија, но во прв момент кога рековме дека треба да ги напуштиме училниците, децата се исплашија и расплакаа - вели една учителка од основно училиште во општина Аеродром. 

Слично

Поврзани вести