Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дојавите за бомби се лажни

Дојавите за бомби се лажни

Пријавите за бомби во девет училишта во Скопје се лажни. 

Министерството за внатрешни работи(МВР) ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје добиле мејл со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. 

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат од полицијата. 

И вчера имаше дојави за бомби во училишта, и се потврди дека биле лажни. 

Слично

Поврзани вести