Дојави за бомби во две училишта и еден Музеј во Скопје: Трите биле лажни
Денеска околу 9 часот утрово во две приватни училишта во Скопје и во еден Музеј пристигнале електронски пораки со закана дека се поставени експлозивни направи.
Полицијата веднаш реагирала и ги евакуирала објектите, а по извршените проверки е утврдено дека се работи за лажни пријави.
Од МВР информираат дека се преземени сите безбедносни мерки и дека учениците и вработените не биле изложени на никаква опасност.
Секторот за компјутерски криминал и секторот за тероризам преку меѓународна полициска соработка работат на откривање на лицето кое ги испратило пораките.
Слично
