ДОГОВОРОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ АЛИБИ ЗА НЕСПОСОБНОСТА НА СИСТЕМОТ ДА ОДГОВОРИ НА БАЗИЧНИТЕ ПОТРЕБИ НА ГРАЃАНИТЕ: Димитров вели, треба итна дипломатска акција со Грција
Потребни се најитни измени на законите за патни исправи и за безбедност во сообраќајот, со нови рокови врз основа на реален план и реални капацитети за издавање на нови документи и тоа на трошок на државата.
На трошок на државата, се разбира, затоа што со сопствената неорганизираност, грешки и непочитување на сопствените закони, надлежните и тоа како се дел од причините за хаосот со личните документи.
Двете страни доцнат со спроведување на свои обврски, двете страни имаат интерес да не создаваат дополнителен отпор против договорот, и двете страни имаат интерес од непречено преминување на границата.
Дури и да нема разбирање, а би требало да има, постојат многу правни аргументи и од аспект на билатералниот договор и Виенската конвенција за договорно право, и од аспект на човековите права, вклучувајќи ја слободата на движење, како меѓународни норми јус когенс, на кои можеме да се повикаме, за да се реши проблемот на македонските граѓани.
Оттука, како што Договорот не може да биде алиби за неспособноста на системот да одговори на базичните потреби на граѓаните, согласно закон, создадениот колапс не може да биде оправдување за негација на неговата суштина.“ напиша тој.
