Економија, финансии, бизнис

Контакт

Договорот на Драги Рашковски со Аитоникс беше рекордер меѓу јавните софтверски набавки

Договорот на Драги Рашковски со Аитоникс беше рекордер меѓу јавните софтверски набавки

Тендерот со Аитоникс АД Скопје за 15 милиони евра преку операторот Крејон Македонија за набавка на софтверски лиценци за Владата, кој го потпиша Драги Рашковски во август лани уште како генерален секретар беше најтешката софтверската зделка што некогаш била помината на еден тендер. За тој тендер пишуваше Фактор тогаш. Софтверските лиценци требаше да бидат за Владата и за другите државни органи, јавната администрација и едукативните институции по склучениот тригодишен договор со Генералниот секретаријат.

Стануваше збор за рекорден договор од ИТ-секторот кој го има направено оваа компанија во јавните набавки, каде што од 2012 до тогаш има учествувано на тендери за компјутери, хардверска, информатичка и комуникациска опрема, сервисирање, одржување, поправки и апликации.

Според податоците до кои дојдовме тогаш, Аитоникс АД Скопје во 2019 имал приходи од 580.783.401 денар и добивка од 33.495.331 денари. Добивката во однос на 2018 е помала за 31,42 отсто, односно една година претходно таа изнесувала 48.844.444 денари. Тоа се должи најмногу поради поголемите трошоци на операторот, додека приходите во 2018 биле речиси исти како и лани - 581.045.704 денари.

Сопственик и извршен член на одборот на директори е Јордан Димитровски, со кого е потпишан и договорот со Владата, додека неизвршни членови на одборот на директори се Кирил Смилевски и Марко Андонов.

Носитеот на набавката е една од најголемите компании за ИТ дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар, а делува и во Албанија, Косово и Бугарија. Друштвото е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски ИТ брендови и има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија. 

Неодмна и други медиуми пишува за овој тендер. Првата постапка била поништена по жалба на „Нектсенс“ до Комисијата за жалби по јавни набавки, по што секретаријатот веднаш отпочнал нова тендерска постапка, во која се избришани сите услови во поглед на техничката и професионалната способнст на компаниите наведени во тендерската документацијата во првата неуспешна постапка.

Така, во рамки на втората постапка е склучен договор со „Аитоникс-Крејон“, кои добиле милионски тендер со понудена пониска цена од само 200 евра, во конкуренција на „Комтрејд“.

Инаку, сопственикот на АД „Аитоникс“, Јордан Димитровски, поседува уште една ИТ-компанија – „Латрошн Солушнс“, која најголемиот тендер го добила исто така од генералниот секретаријат предводен од Рашковски, чија вредност надминува 10 милиони денари.


Слично

Поврзани вести