Економија, финансии, бизнис

Контакт

Договорот е поништен, кој ќе плати за штетата во случајот „Дрисла“?!

Договорот е поништен, кој ќе плати за штетата во случајот „Дрисла“?!
Ништо од најавите за продажба и модернизација на депонијата „Дрисла“. Во второстепена постапка  Вишиот управен суд го потврди поништувањето на продажбата на депонијата која беше доделена на италијанскиот конзорциум „ФЦЛ Амбиенте“ како партнер на Градот Скопје. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски тврдеше дека не е информиран за одлуката, од советничката група на СДСМ во Градот запрашаа, со чии пари сега ќе се поправа работата. „Одлуката на Вишиот управен суд што Вие ја криете, излезе во јавноста. И овој суд пресудил во корист на германската фирма тужител. Оваа фирма обелодени дека Град Скопје, скандалозно, бизнисот со Дрисла го дал на италијанска фирма, формирана непосредно пред објавувањето на тендерот“, изјави координаторката од СДСМ, Софија Куновска која праша дали ќе се распише нов оглас или работата ќе и биде доделена на второрангираната компанија. Трајановски, се огради од договорот за јавно приватно партнерство склучен со италијанскиот конзорциум. „Комисија составена од член на „Дрисла“, на Град Скопје и на Министерството за животна средина, по сработената физибилити студија, распиша тендер на кој конкурираа австриската фирма „Шолц“ и италијанската „Амбиенте“. По добивањето на понудите Комисијата му предложи фирма на Градот, а тој предлог го доставив до Советот кој одлучи која фирма да биде избрана и ме задолжи да потпишан договор со избраната фирма“, посочи градоначалникот. Модернизацијата на „Дрисла“ со фанфари беше најавувана пред неколку месеци. Надлежните , меѓу кои и градоначалникот Трајановски заминаа за Италија, за да се уверат како таму работат депониите. Работата запна пред два месеци кога Управниот суд за неважечка ја прогласи одлуката за концесија на депонијата Дрисла. Пресудата, донесена на средината на јули, го поништи договорот меѓу Градот Скопје и италијански „Амбиенте“тежок околу 74 милиони евра. Од Управен тогаш тендерската постапка ја оценија  како незаконска, а договорот штетен за учесниците, по што пресудата беше во корист на второрангираната германска компанија „Шулц“која учествуваше на тендерот. Германците притоа се жалеа дека италијанската  „Амбиенте“ не ги исполнува критериумите и е во лоша финансиска состојба. На оваа пресуда сега се жалеа од град Скопје, но деновиве само беше потврдена претходната одлука. Кои ќе бидат следните чекори и дали некој ќе понесе одговорност за пропаднатиот договор засега не се одговара.
Слично

Поврзани вести