Економија, финансии, бизнис

Контакт

Договорите се продолжуваат, а медицинските сестри се враќаат на работа, потврди Филипче

Договорите се продолжуваат, а медицинските сестри се враќаат на работа, потврди Филипче

Mинистерот за здравство, Венко Филипче на Фејсбук информира дека медицинските сестри се враќаат на работа.

„Од утре, 40те медицински сестри се враќаат на работа! Договорите со кои беа ангажирани на определено време во Здравствениот Дом - Скопје им се продолжуваат. Тие и понатаму ќе ја работат најблагородната професија - спасување на човечки животи!“, напиша Филипче на својот Фејсбук профил.

Утрово имаше реакции затоа што на 40-тина медицински сестри не им е продолжен договорот за вработување, а беа дел од кадарот во Итната медицинска помош.

Слично

Поврзани вести