Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОГОВОРИЛЕ СЕЧА НА ДРВА ОД ПРАЗНА НИВА - уапсени измамници, го оштетител буџетот за сума на 780 илјади денари

ДОГОВОРИЛЕ СЕЧА НА ДРВА ОД ПРАЗНА НИВА - уапсени измамници, го оштетител буџетот за сума на 780 илјади денари

Кривична пријава против пет лица за неосвесно работење во службата, употреба на исправа со невистинита содржина и поттикнување и помагање, организирале сеча и транспорт на дрвна маса од државни парцели, соопштува Министерството за внатрешни работи. 

Како што укажуваат, надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Љ.М.(63) од Злетово и Д.И.(49) од с.Калниште поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „несовесно работење во службата“, против Ј.К.(70) и Д.К.(61) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против Б.М.(55) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „поттикнување“ и „помагање“.

- На 04.02.2025, третопријавениот Ј.К. и четвртопријавениот Д.К., поттикнати од петтопријавениот Б.М., во Јавното претпријатие „Национални шуми” - Подрачно шумско стопанство „Осогово” - Кочани – РЕ Пробиштип поднеле барање за сеча на стебла на нивен имот во атар на с.Лезово, пробиштипско, и покрај тоа што нивните парцели се ниви и нема таков вид на дрва за сечење. 
Првопријавениот, по поднесените барања, излегол на местото, извршил увид и изготвил записник во кој внел лажни податоци дека постои дрвна маса-стебла на тополи за сеча, иако на парцелата немало какви било видови дрва. 
Откако бил платен надоместокот за издавање на одобрение за сеча, првопријавениот изготвил одобренија за сеча на дрвна маса, при што едното воопшто не го доставил на потпис на раководителот, а за да ја прикрие бесправноста усно го известил четвртопријавениот дека неговото барање за сеча е одбиено, кое всушност го изготвил и го одложил во досието на предметот - се појаснува во нивната објава. 

Потоа додаваат дека по ова, петтопријавениот организирал сечење тополи на парцела во државна сопственост. Додека, второпријавениот, во својство на службено лице во ЈП „Национални Шуми”-ПШС „Осогово” Кочани-РЕ Пробиштип, на 11.02.2025 изготвил приемница за сеча и приемница за дотур без да ја утврди фактичката состојба за исечената дрвна маса и дали истата маса потекнува од означените стебла, издал испратници со кои исечените стебла биле однесени на продажба во фирма во Kавадарци. 
- На ист начин, постапил и со барањето на Д.К., за што го фалсификувал потписот на приемниците на четвртопријавениот, а потоа издал и лажна испратница за ситно техничко дрво орев, кое всушност претходно со камион, управуван од петтопријавениот Б.Д. бесправно било исечено и одвезено во фирма во охридско. 
Со ваквите дејствија било извршено сечење на вкупно 53.81 кубни метри дрвна маса, со што била причинета штета на државниот буџет за износ од 780.245 денари - посочуваат од МВР. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести